ЗА НАС

За Нас

Претпријатието Ако Градба од Гостивар, претпријатие која нуди разни градежни материјали од висок квалитет. Ако Градба e основана пред повеќе години, благодарение на коректниот труд кон клиентите, претпријатието сега стекна доверба за квалитет и внимателстност.

Ако Градба ДООЕЛ започнала со работа во 1992 година. На почетокот на пазарот дејствувал со името АКО КОМЕРЦ така да главната дејност на компанијата која имаше малку искуство, беше производство на подови, ламперија и др. Малите простории во кои работеше АКО КОМЕРЦ не беа пречка за развојот на дејноста, тие беа само предизвик за остварвање на една нова мисија.

Да станеме една ефикасна компанија, флексибилна и напредна.

Во 2004 година компанијата го измени името во АКО ГРАДБА експорт-импорт, ја развивме дејноста, истотака и на капацитетот на производство. Денес оваа компанија поседува магацин со 5000 м2, машини за производство на подови, лајсни, дрва за конструкција на покривите, суви даски, ламперии, лесонит, дрва за подови, оесбе табла, водоотпорни даски како и сите други материјали од дрвото кои се изработуваат по нарачка.

Кај претпријатието Ако Градба можете да ги најдете сите градежни материјали како што се блокови, цимент, железо, арматура, трегери и стиропол.

Претпријатието Ако Градба како застапник на претпријатието Младост од Лесковац, ви нуди: Блокови Термик ЕB 25 СТРОНГ, блокови Термик ЕB 25 ЕСОНОМИК 10, Блокови термик ЕB 20, Блокови Термик ЕB 12, Блокови Термик ЕB 10, Гитер 5, Блок за одвојување 12, Термо блок 33, потоа цигли од висок квалитет, како: Цигли Континентал ЛУКС, Традиционал ЛУКС, Маестрал ЛУКС, Орнамент ЛУКС, снегобрани, цигла за вентилација, семери, крајни семери, триаголни семери, завршни елементи, дополнителни опреми за покриви, цигли со дупки и др.

Ако Градба е и генерален застапник на претпријатието за производство на Хидроизолациски производи “Битуменка” Црна кралица, како Биверпласт Т, ЕТ БИВЕРПЛАСТ АЛВ, БИВЕРПЛАСТ ЕПФ, БИВЕРПЛАСТ МПФ, БИВЕРПЛАСТ ПФ, БИВЕРПЛАСТ ПВ-ВЕРБИТ, БИВЕРПЛАСТ В, ЕВ, БИТУЛИТА како и многу други производи.

Претпријатието поседува и својата железара со просторија од 120м2 каде можете да најдете елементи и опрема за домаќинство, разни бои, електрични производи, машини и др. Железарата “Ако Градба” е генерален застапник за Гостивар на Германската компанија “Метабо”. Железарата Ако Градба се наоѓа на влезот на Гостивар, односно на улица Седек Костовски бр.53 покрај првиот кружен ток.

Со својот потенцијал, денес извршува голем број на активности, од увоз на градежни материјали (Бугарија, Босна, Словенија, Австрија), увоз на опрема, транспорт, продажба на мало како и продажба на големо.

Како главен увозник АКО ГРАДБА нуди и производи со многу поволни цени, како резултат на незапирлива работа во секое време имаме актуелни понуди разни градежни материјали. АКО ГРАДБА увоз-извоз ќе реализира активности кои ќе влијаат за одржување и развој на компанијата како и за задоволство на потребите на потрошувачите.

Трудот, внимателноста, дисциплината и добрата организација се клуч за успех кои ги препорачуваат економските експерти, а Македонската комапнија АКО ГРАДБА, тоа може да го докаже на дело.

КАТАЛОГ НА ПРОИЗВОДИ